Започнува уредувањето на дворот на средното училиште „Здравко Цветковски“


Во рамки на акцијата за целосно уредување на училишните дворови на скопските средни училишта градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со јавните претпријатија го посетија средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски”, каде на награден конкурс учениците од образовниот профил архитектонски техничар, направија анализа на потребите и барањата на сите ученици и согласно тоа …

Започнува уредувањето на дворот на средното училиште „Здравко Цветковски“ Read More »

Од идната недела нестабилно со локални поројни врнежи


УХМР информира дека во почетокот на следната недела на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи. И во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.  Според прогнозата, утре ќе биде променливо облачно …

Од идната недела нестабилно со локални поројни врнежи Read More »

Форум: Студентите имаат потреба од дигитализација на универзитетите и поевтино студирање


Студентите имаат потреба од подобрување на условите за студирање преку намалување на финансиски товар и дигитализација, воедно бараат навремена исплата на стипендии, ова беше посочено на денешниот Студентскиот форум во организација на Форум за Образовни Промени. Извршниот директор на Форумот за образовни промени Бленди Ходаи посочи дека токму денешниот настан има за цел креирање на …

Форум: Студентите имаат потреба од дигитализација на универзитетите и поевтино студирање Read More »

Не се исклучува можноста да примиме на лекување војници од Украина


 Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска од Охрид посочи дека МО не ја исклучува можноста, согласно направените проценки и во соработка со Министерството за здравство, да ги стави расположивите капацитети за лекување на војници од Украина. – Во рамки на МО постојат капацитети што би можеле да бидат ставени на располагање. Во оваа иницијатива ќе …

Не се исклучува можноста да примиме на лекување војници од Украина Read More »

Четири бебиња и едно дете хоспитализирани поради голема кашлица


Изминатата недела, односно од 1. до 7. март пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје, а пријавени се случаи во Тетово, Кочани, Кавадарци, Куманово и Битола, информираат од Институтот за јавно здравје.  Најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години. Од новите 50 случаи, …

Четири бебиња и едно дете хоспитализирани поради голема кашлица Read More »

Петровска: Продолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука на вода во Охрид


Санирањето на сидриштето за пловила пред Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид ќе продолжи, откако за тоа се добиени сите позитивни мислења од надлежните институции дека зафатот нема негативно влијание врз животната средина, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Петровска која денеска беше во Охрид, пред медиумите појасни дека сидриштето што се …

Петровска: Продолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука на вода во Охрид Read More »

Се состанаа американскиот и турскиот шеф на дипломатија: За многу работи не се сложија


Турските и американските официјални претставници на состаноците во Вашингтон одржаа детални разговори за војните во Украина и Газа и различни билатерални прашања, изјави вчера турскиот министер за надворешни работи. Сојузниците на НАТО во четвртокот започнаа состаноци, наречени Стратешки механизам, за да разговараат за напорите за надминување на длабоките политички разлики и подобрување на соработката во …

Се состанаа американскиот и турскиот шеф на дипломатија: За многу работи не се сложија Read More »

Малолетници во Тетовско возеле „пежо“, удриле во ѕид


На 08.03.2024 во 20.30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Долно Палчиште-Тетово патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Долно Палчиште, излетало надвор од патот и удрило во ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобиле уште двајца …

Малолетници во Тетовско возеле „пежо“, удриле во ѕид Read More »

Има живот на Месечината. Го донесоа луѓето


Луѓето веќе посеале живот на Месечината, според научната анализа објавена неодамна во списанието Conversation. Неговиот автор го поставува прашањето дали тој живот може да го насели Земјиниот сателит. Посеан живот во 2019 година Имено, пред нешто повеќе од пет години, на 22 февруари 2019 година, вселенската сонда Берешит без екипаж, изградена од SpaceIL и Israel …

Има живот на Месечината. Го донесоа луѓето Read More »

Вучиќ: Изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај, кога е Велигден, јави дописникот на МИА од Белград. – Ако претседателот на српскиот Парламент се избере на 11, 12 или 13 март, не е важно, изборите мора да се одржат до 11 …

Вучиќ: Изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај Read More »

ЕУ одвои над 18 милиони евра за дијагностицирање, третман и грижа за пациентите со ретки болести


Европската комисија иницираше нова акција насловена за подобрување на дијагностицирањето, третманот и грижата за пациентите со ретки болести во ЕУ, за чија реализација се одвоени 18,75 милиони евра за периодот 2024-2027 година.  Преку оваа акција во националните здравствени системи ќе бидат интегрирани Европските референтни мрежи за сложени или ретки болести и состојби кои бараат високо …

ЕУ одвои над 18 милиони евра за дијагностицирање, третман и грижа за пациентите со ретки болести Read More »

Ученици од специјалното училиште за деца со оштетен слух на практична настава во БРАКО


Група на ученици од машинската струка во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партеније Зографски“ од Скопје, ја посетија компанијата БРАКО во Велес. Учениците беа задоволни што дел од практичната настава можат да поминат во вистински производствен погон, а со оглед на тоа што нивното училиште е наменето за ученици со проблеми во слухот, …

Ученици од специјалното училиште за деца со оштетен слух на практична настава во БРАКО Read More »

Делови од општините Центар и Ѓорче Петров без вода


 Без вода денеска од 11:40 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Цицо Поповиќ“, „Страшо Пинџур“ и „Никола Караев“.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка предизвикана од градежна фирма на улица „Страшо Пинџур“ број 11.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.  Без …

Делови од општините Центар и Ѓорче Петров без вода Read More »

Русија побара седница на СБ на ОН за Украина


Заменикот на постојаниот претставник на Русија во Обединети нации, Дмитриј Пољански изјави дека Москва побарала на 22 март да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина. Тој оцени дека голем број неодговорни европски политичари сакаат ескалација на украинскиот конфликт и да го доведат на ново ниво, односно веќе не индиректен, …

Русија побара седница на СБ на ОН за Украина Read More »

Оперски арии со маестро Федерико Сера како осмомартовски подарок за дамите во Охрид


Со арии на Џузепе Верди, во изведба на италијанскиот тенор Федерико Сера во пијано придружба на Антонио Кампоногара, „Охридско лето“ синоќа им го честита 8 Март, Денот на жената на припадничките на понежниот пол во Охрид. Концертот одржан во катедралната црква „Света Софија“ е дел од заложбите на менаџментот на „Охридско лето“ да понуди културни …

Оперски арии со маестро Федерико Сера како осмомартовски подарок за дамите во Охрид Read More »

Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија до изборот на нова влада


Првиот вицепремиер Ивица Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија до изборот на нова влада, изјави денеска премиерката на Србија Ана Брнабиќ, која е предложена за нова претседателка на српскиот Парламент, јави дописникот на МИА од Белград. – Вчера одржав седница на Владата, донесовме неколку важни одлуки и заклучоци. Се поздравив со министрите, а Дачиќ …

Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија до изборот на нова влада Read More »

Новак Ѓоковиќ и Циципас приредија шоу на улица, минувачите воодушевени (фото)


Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои рекордната шеста титула на Индијан Велс и на тој начин да му „побегне“ на Роџер Федерер, кој има исто толку титули на овој турнир. Со оглед на тоа што Новак порано дојде во САД, а сè уште нема одиграно ниту еден официјален натпревар, Ѓоковиќ ова го искористи …

Новак Ѓоковиќ и Циципас приредија шоу на улица, минувачите воодушевени (фото) Read More »

Со зголемување на енергетска ефикасност Струмица го намалува аерозагадувањето


Се подобрува енергетската ефикасност во Основното училишта „Сандо Масев“ во Струмица и подрачните училишта во Раборци и Костурино, во кои се заменуваат старите прозорци и врати со нови. Замената се врши со грант во износ од 950 илјади денари добиен по јавен повик од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година, енергетска ефикасност, аплициран …

Со зголемување на енергетска ефикасност Струмица го намалува аерозагадувањето Read More »

Бебињата родени во пандемијата од корона имаат две фасцинантни промени


Научниците открија како пандемијата на корона донела промени кај бебињата родени во тој период. Заклучувањата за време на пандемијата на корона доведоа до две фасцинантни промени во телото на бебињата кои можеби ги заштитија од болести и алергии, според новото истражување објавено во списанието „Алергија“, пренесе pedijatar.mk. Истражувачите од Универзитетот во Корк, во Ирска открија …

Бебињата родени во пандемијата од корона имаат две фасцинантни промени Read More »

Од понеделник во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење


 Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје. – Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и …

Од понеделник во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење Read More »