Делови од општините Центар и Ѓорче Петров без вода


 Без вода денеска од 11:40 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Цицо Поповиќ“, „Страшо Пинџур“ и „Никола Караев“. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка предизвикана од градежна фирма на улица „Страшо Пинџур“ број 11. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Без вода денеска од 9:30 часот се дел од жителите од општина Ѓорче Петров. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснадувањето е поради дефект на водоводна цевка Ф-80 милмиетри на улица „Ѓорче Петров“ 82. Без вода се десет куќи во близина на дефектот.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.