Четири бебиња и едно дете хоспитализирани поради голема кашлица


Фото: Б. Грданоски

Изминатата недела, односно од 1. до 7. март пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје, а пријавени се случаи во Тетово, Кочани, Кавадарци, Куманово и Битола, информираат од Институтот за јавно здравје. 

Најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години.

Од новите 50 случаи, 5 случаи (10%) се хоспитализирани (4 деца на возраст под 1 година и едно од возрасната група од 1-4 години). 

Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од Службите за вакцинација (Гази Баба, Чаир Карпош, Кисела Вода и Центар) било утврдено дека се пронајдени 13.593 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 5.756 (42,3%). Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина, соопштија надлежните.