Одбиено барањето за изземање на судијката Кацарска од „Тенк“


Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го одби како неосновано барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска, што на днешното рочиште за „Тенк“ го поднесоа адвокатите на обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Кацарска на странките им врачи примерок од одлуката, по што судењето продолжи со сослушување на сведокот Зоран Марковски, вработен во …

Одбиено барањето за изземање на судијката Кацарска од „Тенк“ Read More »

Убиство во косовската Агенција за разузнавање


Убиство се случи претпладнево во зградата на Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ), каде што член на обезбедувањето усмрти свој колега, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата за порталот „калѕо.цом“ (kallxo.com) ја потврди заменикот јавен обвинител во Основното обвинителство во Приштина Ибрахим Бериша, најавувајчи дека во моментов може само да каже дека во зградата …

Убиство во косовската Агенција за разузнавање Read More »

Во Кривичен продолжи преслушувањето на „бомбите“ за „Траекторија“


Со слушање на останатите „бомби“ на СЈО, по двомесечна пауза продолжи рочиштето за предметот „Траекторија“. Во Кривичниот суд присутни се обвинетите Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски, како и обвинителката Лиле Стефановска. Процесот го води судијата Горан Бошевски. За „Траекторија“ во судницата треба да се преслушаат вкупно 315 „бомби“. Во ауди материјалите …

Во Кривичен продолжи преслушувањето на „бомбите“ за „Траекторија“ Read More »

Филмот на Јани Бојаџи доби награда на филмскиот фестивал во Монтреал


Филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи доби награда на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал, Канада. Филмот ја имаше својата светска премиера на 30 август во Монтреал, а вчера на свеченото затворање на фестивалот му беше доделена награда за иновативност. „Почитувани колеги, пријатели! На вчерашната церемонија за свеченото затворање на 42 то издание на …

Филмот на Јани Бојаџи доби награда на филмскиот фестивал во Монтреал Read More »

Српски камионџија повреден во сообраќајка на патот Градско-Прилеп


Српски државјанин, кој возел влекач „Сканија“ со полуприколка, вчера попладне излетал од патот Градско-Прилеп и паднал во провалија. МВР денеска соопшти дека несреќата се случила во 16 часот, а 41-годишниот возач С.П. се здобил со тешки телесни повреди и со возила на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Прилеп каде е задржан …

Српски камионџија повреден во сообраќајка на патот Градско-Прилеп Read More »

„Тенк“ на СЈО: Адвокатите на одбраната повторно побараа изземање на судијката Кацарска


Барање за изземање на судијката Добрила Кацарска побараа адвокатите од одбраната на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на почетокот на денешното рочиште во раздвоената постапка во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на „мерцедесот“ вреден 600 илјади евра. Судијката Кацарска даде пауза од половина час за претседателот на судот, Иван Џолев, …

„Тенк“ на СЈО: Адвокатите на одбраната повторно побараа изземање на судијката Кацарска Read More »

Заев: На Македонија и треба побрз мотор и брза трака за напред


На Македонија и треба побрз мотор. Крајно време е по 20 години независност, да ја ставиме на брза трака и заедно со стопанството да ја придвижиме напред, порача денеска премиерот Зоран Заев. Пред почетокот на трибината во Стопанската комора на Македонија, Заев во шеговит разговор со претседателот на комората, Бранко Азески, и вицепремиерот Кочо Анѓушев, …

Заев: На Македонија и треба побрз мотор и брза трака за напред Read More »

Првачињата највозбудени на првиот час


За околу двесте и седумдесет илјади ученици започна учебната година. Од нив 20.302 се првачиња, а близу осумнаесет илјади се запишани првпат во средно училиште. Лани, велат од Министерството за образование и наука, запишани биле 21.250 првачиња, што споредено со годинава е помалку за 948. Оттаму објаснуваат дека бројката не е конечна бидејќи во некои …

Првачињата највозбудени на првиот час Read More »

ДИК на седница ќе ги разгледа обрасците за спроведување на референдумот


Државната изборна комисија денеска во 14 часот ќе одржи јавна седница на која ќе ги разгледа обрасците за спроведување на престојниот референдум. Членовите на ДИК ќе го разгледаат и Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори, Прирачникот за едукација на изборните органи и за барањата за неприфаќање на извршување на должност во избирачките …

ДИК на седница ќе ги разгледа обрасците за спроведување на референдумот Read More »

„Мојот пратеник“: Собранието во првото полугодие донело 178 закони


Собранието на Република Македонија го изработи деветнаесеттиот број на публикацијата „Мојот пратеник“ во која е содржан извештајот за работата на народните избраници за периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава. Во овој период, информираат од собраниската прес-служба, вкупно се донесени 178 закони, 83 од економската област, 52 од политички систем и 43 закони од …

„Мојот пратеник“: Собранието во првото полугодие донело 178 закони Read More »

Јапонија ја погоди најсилен тајфун во последните 25 години


Западниот дел на Јапонија го погоди насилниот тајфун во последнте 25 години, кој донесе обилни врнежи дожд и ветрови, а локалните медиуми јавија дека се откажани летови и железнички услуги. Тајфунот Џеби го погоди јужниот дел на префектурата Токушима, на островот Шикоку, соопшти јапонската метеоролошка агенција. Фабриките, трговските центри и други објекти, меѓу кои и …

Јапонија ја погоди најсилен тајфун во последните 25 години Read More »

Меркел, Столтенберг и Курц неделава во Скопје


Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември, во Скопје неделава доаѓаат канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, како и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Нивното доаѓање синоќа го најави премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека тоа што тројца светски државници неделава ќе го посетат Скопје е уште еден позитивен …

Меркел, Столтенберг и Курц неделава во Скопје Read More »

Адеми и Тозија се оградуваат од филмот на Бојаџи


Министерот за култура Асаф Адеми и директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија соопштија дека филмот „Ругање со Христос“ во режија на Јане Бојаџи предизвикува раздор во мултиетничкиот карактер во земјава и дека тие се оградуваат од него. Тие велат дека филмот добил поддршка од Агенцијата за филм во 2015 година од тогашното раководство. Јани …

Адеми и Тозија се оградуваат од филмот на Бојаџи Read More »

Јани Бојаџи, режисер на „Ругање со Христос“: Мене веќе ми пресудија


По повод реакциите на новиот филм во режија на Јани Бојаџи, успеавме да стапиме во контакт со него додека тој сè уште се наоѓаше во Монтреал, Канада, каде што филмот имаше светска премиера. Инспектори ќе ја чешлаат Агенција за филм: Адеми и Тозија се оградуваат од филмот на Бојаџи Министерство за култура: Филмот „Ругање со …

Јани Бојаџи, режисер на „Ругање со Христос“: Мене веќе ми пресудија Read More »

Челичната дама на ЕУ доаѓа во Скопје


  Германската канцеларка Ангела Меркел доаѓа во Скопје. Тоа е веста што вчера околу пладне предизвика политичка еуфорија во предреферендумска Македонија. Иако по самитот на НАТО во јули во Брисел имаше срамежливи навестувања дека една од највлијателните личности во европската политика би можела да допатува во земјава пред референдумот, официјализирањето на таа информација не го …

Челичната дама на ЕУ доаѓа во Скопје Read More »

Заев: Доаѓањето на тројцата светски државници поддршка за Македонија


Тоа што тројца светски државници неделава ќе дојдат во Македонија е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина во Берово. Заев ја најави посетата на генералниот секретар на НАТО Столтенберг, на германската канцеларка Меркел, како и на австрискиот канцелар Курц. – Во …

Заев: Доаѓањето на тројцата светски државници поддршка за Македонија Read More »

Санчез вети референдум за поголема автономија на Каталонија


Шпанскиот премиер Педро Санчез им вети на Каталонците одржување на референдум за новиот статус на покраината, која би имала повеќе автономија, при тоа потенцирајќи дека тоа ќе биде референдум за поголема автономија, а не за независност. Санчез, кој дојде на власт на 1 јуни годинава покрена дијалог со сепаратистички настроениот каталонски претседател Квим Торо. – …

Санчез вети референдум за поголема автономија на Каталонија Read More »

Симоновски поради повреда нема да настапи против Косово и Романија


Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Симоновски, поради повреда нема да настапи за македонската репрезентација на двата натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година. Тој се повредил на вториот контролен меч меѓу МЗТ и Левски Лукоил одигран во саботата попладне во СЦ „Јане Сандански”. Иако не се наведуваат детали, станува збор за полесна …

Симоновски поради повреда нема да настапи против Косово и Романија Read More »

Нови директори во културата: Мартин Вучиќ на „Танец“, Викторија Рангелова на Драмски театар


Министерството за култура назначи 22 директори на Национални установи кадешто досега имаше вршители на должност. Директорка на Македонскиот народен театар е потврдена Симона Угриновска која досега ја извршуваше функцијата вршител на должност, откако оставка си поднесе нејзиниот претходник Драган Спасов – Дац. На Драмски театар во Скопје за директорка е назначена Викторија Рангелова Петровска, а …

Нови директори во културата: Мартин Вучиќ на „Танец“, Викторија Рангелова на Драмски театар Read More »