ДИК на седница ќе ги разгледа обрасците за спроведување на референдумот


Државната изборна комисија денеска во 14 часот ќе одржи јавна седница на која ќе ги разгледа обрасците за спроведување на престојниот референдум.

Членовите на ДИК ќе го разгледаат и Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори, Прирачникот за едукација на изборните органи и за барањата за неприфаќање на извршување на должност во избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во странство.

На седницата се очекува по случаен избор да се изберат членови на избирачките одбори кои ќе го спроведат гласањето во странство.