БМВ повлекува околу 1,6 милиони возила поради ризик од пожар


Германскиот производувач на автомобили БМВ (BMW) повлекува околу 1,6 милиони дизел возила во Европа и Азија заради потенцијална опасност од пожар во нивните мотори. Повлекувањето доаѓа по истрагата на БМВ, со која е откриено дека течноста за ладење на моторот може да истече од единицата за рециркулација на издувните гасови. Дефектот може да доведе до …

БМВ повлекува околу 1,6 милиони возила поради ризик од пожар Read More »

„Титаник“: Јанакиески бара списоци со поддржувачи од администрацијата за „војната во Центар“


Со преслушување на „бомби“ денеска во кривичниот суд во Скопје продлолжи судењето за предметот на СЈО „Титаник“, а на денешното рочиште судијата Осман Шабани утврди дека се присутни сите обвинети. Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, …

„Титаник“: Јанакиески бара списоци со поддржувачи од администрацијата за „војната во Центар“ Read More »

„Вашингтон пост“: Арапските земји се плашат дека случајот со Кашоги ќе направи нестабилност


Во арапскиот свет се шират брутални шеги како што е популарната карикатура на Твитер насловена „Саудиска дипломатска чанта“ која прикажув дрвена кутија полна со пили, бормашини и длета, пишува „Вашингтон Пост“. Во владите во регионот сепак на малкумина им е до смеење откако Саудиска Арабија и нејзиниот престолонаследник принцот Мохамед Бин Салман се соочи со …

„Вашингтон пост“: Арапските земји се плашат дека случајот со Кашоги ќе направи нестабилност Read More »

Стејт департмент: Тврдењата на Москва се неразумни и лажни


Американскиот Стејт департмент ги оцени како неразумни и како обид за дезинформација и пропаганда, обвинувањата на Русија дека САД се инволвирани во неодамнешното гласање во Парламентот на Република Македонија со кое се даде зелено светло за отпочнување со уставните измени во земјата. – Секое тврдење дека претставници на Американската амбасада биле инволвирани во процесот на …

Стејт департмент: Тврдењата на Москва се неразумни и лажни Read More »

Абе: Јапонија сака да потпише мировен договор со Русија


Јапонската Влада планира да потпише мировен договор со Русија, изјави денеска јапонскиот премиер Шинѕо Абе. Обраќајќи се пред јапонскиот Парламент, тој рече дека тие односи моментално се во „абнормална состојба“, како и дека двете држави немаат потпишано мировен договор повеќе од 70 години. – Врз основа на односот на доверба со рускиот претседател Владимир Путин, …

Абе: Јапонија сака да потпише мировен договор со Русија Read More »

Дачиќ: До кога на Албанците ќе им се толерира неисполнувањето на обврските


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ вели дека Приштина постојано бара алиби за неисполнување на потпишаните договори и додава дека Косово не сака да влезе во Интерпол поради борба против корупцијата туку да се покаже и докаже како држава. Дачиќ во изјава за РТС рече дека нема да има никаква војска на Косово, …

Дачиќ: До кога на Албанците ќе им се толерира неисполнувањето на обврските Read More »

Притворени поранешен грчки министер за одбрана и неговата сопруга за перење пари


Поранешниот грчки министер за одбрана Јанос Папандониу и неговата сопруга Ставрула Кураку со лисици на рацете доцна синоќа беа пренесени во делот за трансфер на притворени лица на грчката полиција, а денес ќе бидат префрлени во некој од грчките затвори, откако двајцата истражни судии за борба со корупција и обвинителот едногласно одлучија брачната двојка да …

Притворени поранешен грчки министер за одбрана и неговата сопруга за перење пари Read More »

Хоџа: Гласањето за визна либерализација за Косово можно е да се одложи


Министерката за евроинтеграции на Косово Дурата Хоџа изјави дека доколку не се обезбеди потребното мнозинство гласови „за“ визна либерализација за Косово во Советот на министри на Европската унија, тогаш гласањето, кое беше предвидено да се одржи на почетокот на декември, можно е да се одложи се додека не се обезбеди позитивен став од мнозинството, јави …

Хоџа: Гласањето за визна либерализација за Косово можно е да се одложи Read More »

ВМРО-ДПМНЕ десеткувана во парламентот


Почнаа со 51 пратеник, за сега да се сведат на 39, со тенденција за понатамошно раситнување… Осумтемина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кои во петокот кажаа „да“ за пристапување кон уставни измени, според засега непотврдени информации може да формираат посебна пратеничка група која, практично, би била четврта по бројност во законодавниот дом, по пратеничките групи …

ВМРО-ДПМНЕ десеткувана во парламентот Read More »

Студентите од „Стив“ чекаат греење и топла вода


Студентите вчера немаа настава на факултет поради празникот. Оние што се сместени во студентскиот дом „Стив Наумов“, а не отишле во родниот град и останале во Скопје седеа на клупи пред домот, каде што разговараа за проблемот што ги мачи. Тоа што веќе две недели нема топла вода во таканаречената прва зграда ги принудува да …

Студентите од „Стив“ чекаат греење и топла вода Read More »

Барди го продолжи договорот со Леванте


Македонскиот репрезентативец Енис Барди го продолжи договорот со шпанскиот клуб Леванте. Договорот на напаѓачот со тимот од Валенсија е до 2022 година со опција  да може да биде продолжен за уште две сезони. – Многу сум среќен, овде се чувствувам одлично, се чувствувам како да сум дома, рече Барди по потпишувањето. Македонскиот репрезентативец има одиграно …

Барди го продолжи договорот со Леванте Read More »

Трипнотик издаде ново ЕП насловено како „Survivor“


Македонскиот електронски музички проект Трипнотик, зад кој стои продуцентот и диџеј Емил Хаџи-Панзов, го објави своето ново ЕП насловено „Survivor“, а издадено од „Филтер Лабел“. Изданието е следбеник на популарниот сингл „Trip Naughty“ кој доживеа и меѓународна клупска и радиска поддршка. Насловната песна и трите ремикси од него сè уште се емитуваат на стотици радио …

Трипнотик издаде ново ЕП насловено како „Survivor“ Read More »

Презентација на стипендии за студирање во странство


На 27 октомври во хотел Континентал по деветти пат ќе се одржи „Стипендии ЕКСПО“ за информирање на сите заинтересирани за студии во странство. „Ова е единствен настан од ваков вид во Македонија, кој нуди уникатна можност на едно место да се презентираат голем број можности за студии во странство и стипендирање од страна на универзитетите. …

Презентација на стипендии за студирање во странство Read More »

Мијалков: Синоќешната одлука не е исправна


Со жалење ја примив одлуката на Централниот Комитет на мојата партија, бидејќи од формирањето на ВМРО -ДПМНЕ па до денес, бев и ќе останам верен на идеите и постулатите на организацијата. Свесен сум дека партијата е соочена со многу предизвици и дека ова раководство, како и претходните, го очекуваат историски важни одлуки за иднината на …

Мијалков: Синоќешната одлука не е исправна Read More »

Канческа-Милевска: Не сум се пазарела со никој, гласав за подобра иднина


Не чувствувам дека ја предаовв партијата ВМРО-ДПМНЕ, напртоив за неа имам направено многу, вели поранешната министерка за култура и сегашен пратеник Елизабета Канческа-Милевска. Во нејзиното госутвање во емисијата „360 степени“ на Алсат, таа го образложува својот став да гласа за заопчнување на амандманска расправа за уставните измени. Таа негира дека нејзиниот глас за почнување на …

Канческа-Милевска: Не сум се пазарела со никој, гласав за подобра иднина Read More »

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, од секој предизвик излегувало похрабро


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку својот Фејсбук профил им го честиташе празникот на македонските граѓани. -Од секој предизвик, искушение, ВМРО-ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно, похрабро и поодлучно. ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ, кој кревал глава секогаш кога е најтешко, и кога мракот најсилно надвиснал над …

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, од секој предизвик излегувало похрабро Read More »

Македонката вмешана во фудбалската афера во Белгија уживала по скапи јахти


Македонката Марија Богојевска е една од главните учесници во аферата која го потресе белгискиот фудбал, пренесува Спорт1. Во акцијата „Чисти раце“, која ја спроведе белгиската полиција и при која беа уапсени тренери, менаџер и други лица за вмешаност во перење пари, местење натпревари и финансиски малверзации, еден од главните актери е всушност Богојевска. Таа е …

Македонката вмешана во фудбалската афера во Белгија уживала по скапи јахти Read More »

Заев: Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод празникот Ден на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, упати честитки до македонскиот народ и до сите граѓани на Република Македонија, со порака сите наши идни предизвици за мир, за стабилност, за подобар живот во Македонија, да ги водиме заеднички. – Храброста на дејците на …

Заев: Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината Read More »

Пронајдени делови од телото на убиениот новинар Кашоги


Делови од телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата на Генерал конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, изјави лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек за турскиот портал “Хаберлер“. – Дознав од сигурни извори во безбедносната служба во Истанбул дека телото на Кашоги е пронајдено во бунар, …

Пронајдени делови од телото на убиениот новинар Кашоги Read More »

Чавушоглу: Турција подготвена да соработува во истрагата за Кашоги во ОН


Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави за Анадолија дека „иако задоцнето, важно е прифаќањето на Саудиска Арабија дека новинарот Кашоги е убиен.“ -Турција е подготвена да соработува во евентуална истрага за случајот „Кашоги“ во ОН, во меѓународните судови или институции, изјави Чавушоглу. -Турција не сподели докази за случајот „Кашоги“ со ниту една земја, …

Чавушоглу: Турција подготвена да соработува во истрагата за Кашоги во ОН Read More »