Македонката вмешана во фудбалската афера во Белгија уживала по скапи јахти


Македонката Марија Богојевска е една од главните учесници во аферата која го потресе белгискиот фудбал, пренесува Спорт1.

Во акцијата „Чисти раце“, која ја спроведе белгиската полиција и при која беа уапсени тренери, менаџер и други лица за вмешаност во перење пари, местење натпревари и финансиски малверзации, еден од главните актери е всушност Богојевска.

Таа е девојка на еден од главните осомничени во аферата менаџерот Дејан Вељковиќ и „испрала“ два до три милиони евра за нејзиното момче, пишуваат белгиските медиуми.

Вељковиќ ја замолил Богојевска да отвори девизна сметка во банка во Белград за да и префрли пари. Овие пари менаџерот наводно сакал да ги сокрие од својата поранешна сопруга со која бил во разводна постапка. Македонката не се сомневала во намерите на нејзиниот дечко се до март оваа годинаога открила дека тој преку нејзината сметка пере пари.

Богојевска е една од двајцата македонски државјани кои се уапсени во Белгија, заедно со поранешниот фудбалер и актуелен менаџер Драган Силјановски – Вуко.

Македонката е поранешна сопруга на поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Илија Боцевски, која од поодамна живее во Белгија и е во љубовна врска со српскиот менаџер Вељковиќ.

Дека живеела убав живот, бујната Марија многупати се фалела и по социјалните мрежи, сликајќи се на јахти и уживајќи во „богатиот живот“, кој и го овозможил љубовникот со многуте трансфери, за кои белгиските власти се сомневаат дека се извлекувале пари и тие во кеш се користеле за мито и корупција за да се влијае на фудбалски резултати.