Прогласена епидемија на морбили и во Куманово
Центарот за јавно здравје во Куманово вчера прогласи епидемија на морбили. Бројот на заболени од мали сипаници од почетокот на годинава изнесува петнаесет, а последнава недела заболени се три лица. Новозаболени се првоодделенче и двајца здравствени работници од детското одделение од кумановската болница. Детето престојувало во целодневен престој во кумановска градинка. „Извршен е увид во вакциналниот статус на децата во градинката и во училиштето, извршена е …