Голем дел од Венецуела пак без струја


Денеска дојде до нов голем прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку региони во Венецуела. Струјата постепено почна да се враќа во домовите на луѓето откако беше прекината пред два дена, но денеска повторно нема струја во области каде што веќе беше обновена. Во исто време, голем пожар избувнал во трафостаница во Боливар, соопшти …

Голем дел од Венецуела пак без струја Read More »

Во Лондон затворен мост поради сомнително возило


Британската полиција денеска го затвори лондонскиот мост Вестминистер и улиците во близина на Парламентот поради сомнително возило. Портпаролот на полицијата изјави дека припадници на безбедносните сили на лице место го проверуваат возилото во близина на реката Темза, во Викторија ембенкмент и оти локалните улици се затворени за сообраќај. По кратко време, по извршените проверки, полицијата …

Во Лондон затворен мост поради сомнително возило Read More »

Мицковски на лидерската ќе бара предвремени избори


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски изјави дека на утрешната лидерска средба со Зоран Заев повторно ќе го отвори прашањето за предвремени парламентарни избори. Тој потсети дека досега неколкупати бараа предвремени избори, но, како што вели, власта изнаоѓала изговори тоа да не го прифати. Утрешната средба е на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Мицковски вели дека не неа …

Мицковски на лидерската ќе бара предвремени избори Read More »

Советот на Европа официјално ја заведе земјата под Северна Македонија


Советот на Европа официјално ја заведе земјата под нејзиното ново име „Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Стразбур. На Интернет страницата на најстарата паневропска организација – Советот на Европа, чие седиште е во Стразбур, земјата сега е заведена официјално како Северна Македонија, според азбучниот редослед на англиски јазик на земјите членки. Северна Македонија како …

Советот на Европа официјално ја заведе земјата под Северна Македонија Read More »

Службеник во Амбасадата на САД во Москва носел бомба на аеродром


Службеник во американската Амбасада во Москва денеска се обидел да влезе во аеродромот Шереметјево носејќи бомба со осигурувач во багажот, но без експлозив. – Аеродромскиот персонал го скенирал багажот на службеникот во Амбасадата на САД и откриле предмет кој изгледал како бомба, изјавил за агенцијата Тас извор од руското Министерство за надворешни работи. Потоа биле …

Службеник во Амбасадата на САД во Москва носел бомба на аеродром Read More »

„Титаник 2“ не потонува


Александра М. Митевска „Титаник 2“ – еден од случаите на Специјалното јавно обвинителство, насловени според прекукеанскиот брод кој потона во Атлантикот на своето прво патување, сепак, се движи кон разрешница. Вчера паднаа првостепените пресуди за шестмина обвинети, наспроти сомневањата што особено се засилуваа деновиве – дека голем дел од предметите на СЈО, а особено оние …

„Титаник 2“ не потонува Read More »

Објавен законот со кој се најавува департизација на администрацијата


Министерството за информатичко општество и администрација, го објави текстот на работната верзија на Предлог законот за висока раководна служба. Од денеска предлогот е достапен на Единствениот национален електронски регистар на прописи-ЕНЕР, каде во наредните најмалку 20 дена, сите заинтерсирани ќе имаат можност со свои коментари, забелешки и предлози да придонесат кон подобрување на текстот на …

Објавен законот со кој се најавува департизација на администрацијата Read More »

Вучиќ до Приштина: Што сакате, да не уценувате и сметате за будали, тој филм нема да го гледате


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли прибегнаува кон нов трик кога најавува укинување на таксите за српските производи, за што би требало да разговараат преговарачките тимови на Белград и Приштина. – Јас ќе им кажам на убав српски јазик – залудно варосувавте, нема ништо од …

Вучиќ до Приштина: Што сакате, да не уценувате и сметате за будали, тој филм нема да го гледате Read More »

Ќе си простат ли Заев и Мицковски?


Лидерите на двете најголеми партии – владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ќе се сретнат в недела, како што потврдија и двајцата деновиве. Тоа ќе биде нивна прва средба по речиси осум месеци, кои поминаа во знак на изразено ривалство меѓу двете партии во однос на клучните политички процеси што се …

Ќе си простат ли Заев и Мицковски? Read More »

Највалкана кампања досега


Ерол Ризаов Претседателската предизборна кампања ќе почнела на априлили. Јавија од ДИК. Така било според законот. Тоа е само 1001 голема лага, пред да почне пропагандната војна на живот и смрт. До 1 април, кога ќе стартува предизборна трка, претседателските кандидати, особено тие што имаат најголеми шанси да бидат избрани, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, …

Највалкана кампања досега Read More »

„Не сум феминистка“


Румена Бужаровска   Еве, само неколку податоци кои даваат сликовит приказ на состојбата по прашањето за родовата еднаквост: Во Македонија, кога зборуваме за тоа кој раководи со земјата, имаме 6 градоначалнички наспроти 75 градоначалници. Во Владата има само 4 министерки наспроти 21 министер. На една фотографија неодамна објавена во медиумите, на која е прикажано како …

„Не сум феминистка“ Read More »

Сега Шекеринска му става „вето“ на Иванов


Идниот воен претставник на земјава во НАТО во Брисел, како и военото аташе во Париз, веројатно, ќе ги постави новиот шеф на државата и врховен командант по изборите што завршуваат во мај. Дотогаш овие две места ќе бидат празни, како што беа и во изминатите месеци, сè додека претседателот во заминување Ѓорге Иванов по распишувањето …

Сега Шекеринска му става „вето“ на Иванов Read More »

Патот до Водно поплочен со „шпиони“?


Тврдењето на кандидатот за шеф на државата на владејачката коалиција Стево Пендаровски дека го следи тајна разузнавачка служба, односно структури „блиски до една голема опозициска партија“, беше повод за првиот, барем засега, директен „вербален контакт“ преку медиумите со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Таа излезе со реакција за јавно искажаниот сомнеж на Пендаровски користејќи го, …

Патот до Водно поплочен со „шпиони“? Read More »

Европската „бајка“ на Динамо Загреб продолжува


Динамо Загреб со предност ќе го очекува реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на Европа против португалска Бенфика, откако вечерва славеше 1-0 во првиот меч  на „Максимир“. Единствениот гол во Загреб го постигна Петковиќ од пенал во 38 минута. Рен го изненади Арсенал и славеше победа со 3-1, Севиља и Славиа Прага одиграа нерешено 2-2, Виљареал …

Европската „бајка“ на Динамо Загреб продолжува Read More »

Мицкоски: Лидерската средба со Заев в недела


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека в недела ќе се одржи лидерската средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и дека на неа ќе се зборува за три клучни прашања – претседателските избори, реформските закони и Специјалното јавно обвинителство. –Очекувам на лидерската средба со Заев да разговараме за три значајни прашања. …

Мицкоски: Лидерската средба со Заев в недела Read More »

Ромa го отпушти Ди Франческо


Италијанскиот клуб Рома официјално објави дека се разделува со тренерот и поранешен играч на тимот, Еузебио ди Франческо. Веста за смената на експертот доаѓа ден по елиминацијата на „волците“ од Лигата на шампионите. Рома загуби со 1:3 по продолженија на гостувањето кај Порто во реваншот од осминафиналето и го напушти турнирот, иако победи со 2:1 …

Ромa го отпушти Ди Франческо Read More »

Наградите на ЗНМ за најдобри новинарски стории за 2018 година


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на одбележувањето на 73-годишнината од работењето ги додели годишните награди за најдобри новинарски стории за 2018 година. Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ и беше врачена на Менче Атанасова-Точи од ТВ Нова, која на своите постари колеги им порача да работат со помладите за се врати квалитетот …

Наградите на ЗНМ за најдобри новинарски стории за 2018 година Read More »

Дали Европа е во опасност?


Одбројувањето за најважните европски избори во историјата на ЕУ, кои ќе се одржат во мај 2019 година, веќе започна, а политичките формации ги разјаснуваат своите визии за иднината на Европската Унија. Главното прашање на овие избори во Европскиот парламент има „егзистенцијални“ карактеристики бидејќи во изминатите години ЕУ изгуби голем дел од контактот со своите основни …

Дали Европа е во опасност? Read More »

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов


Државната комисија за спречување на корупција отвори постапка за именувањата во Армијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Станува збор за именувања од шефот на државата објавени во Службен весник по распишувањето на претседателските избори. Антикорупциската комисија, како што беше истакнато на денешната седница, ќе бара информации од Кабинетот на претседателот и од Министерството за одбрана …

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов Read More »

Папата Франциск на 7 мај во Скопје, ќе се сретне со Иванов и Заев


Канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан, денеска ја објави програмата за посетата на папата Франциск на Северна Македонија. Предвидено е папата да пристигне во Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза, на 7 мај наутро. По официјалниот пречек, папата Франциск ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со …

Папата Франциск на 7 мај во Скопје, ќе се сретне со Иванов и Заев Read More »