Аурори го осветлуваат небото над Европа, САД и Австралија


Аурора над Тузла, БиХ

Аурора бореалис, северната поларна светлина неколку вечери го осветлуваат небото над европскиот континент и Соединетите Американски Држави (САД), формирајќи спектар на неверојатни бои. Аурора аустралис пак е видлива над Австралија.

Аурора аустралис над Енглеса, Австралија

Иако поларната светлина е феномен поврзан со северот на Европа и југот на Австралија, синоќа беше осветлено и небото над целиот европски континент и пошироко.

Овој феномен беше видлив на небото над Украина, Турција, САД, Канада… И Балканот не е изоставен од овој феномен, па фотографии пристигнуваат и од Хрватска, Босна и Херцеговина , Србија и Бугарија.

Аурора бореалис се еден од најпопуларните природни феномени и се вбројуваат меѓу седумте природни чуда на светот.

Бидејќи поларната светлина е природен феномен, тешко е однапред да се предвиди нејзиното појавување. Најчесто се појавува на небото во септември, октомври и ноември или во март и април за време на пролетната и есенската рамноденица.