Аукција со 80 000 предмети од познатиот хотел „Валдорф Асторија“
САД – Познатиот њујоршки хотел Валдорф Асторија, еден од најпрестижните во светот, ќе понуди 80.000 свои предмети на аукција пред продолжувањето на реновирањето.
– Целосното реновирање на хотелот почна во декември 2017 година. Се очекува тој повторно да биде отворен за две до три години и ќе вклучува 375 апартмани и 375 соби, изјави Ендрју Милер, извршен директор на фирмата Даџија УС, која управува со „Валдорф Асторија“.
Од отворањето во 1931 година, хотелот е домаќин на елитата – политичари, глумци, кралски семејства…
Аукцијата ќе почне на 17 октомври, а ќе заврши на 15 ноември, се наведува во соопштението. Целиот приход ќе се искористи за обновување на храмот Св. Вартоломеј, кој се наоѓа спроти хотелот.