Астероид помина покрај Земјата поблиску од комуникациските сателити


Астрономи од Аризона, кон средината на овој месец, забележаа астероид што поминал поблиску до Земјата од комуникациските сателити.

Астрономот Тони Дан објави симулација од астероид, односно како би изгледала Земјата набљудувана од оваа вселенска карпа. Астероидот за првпат е забележан кога минал најблиску до Земјата, односно на оддалеченост од 21.000 километри.

Сателитите кружат околу планетата на поголема оддалеченост, односно на 35.786 километри.

Астероидот е означен како 2022 YO1. Поради близината до Земјата, означен е како NEO (Near Earth Object) и во текот на идните орбити би можел да ја погоди нашата планета.

Во текот на следната орбита може да помине покрај Земјата на оддалеченост од само 5.439 километри и тоа по две години откако е забележан.

Ова е шестиот астероид на листата што беше најблиску до Земјата оваа година.