„Aрогантна, егоцентрична и нељубезна“. Режисерката го напушти снимањето на документарецот за Лизо
Режисерката вели дека го напуштила снимањето на документарецот за Лизо поради тоа како раперката се однесувала со неа.
Софија Нали Алисон, филмска режисерка номинирана за Оскар од Лос Анџелес, напиша на Твитер во вторникот дека Лизо демонстрирала „злоупотреба на моќта“ за време на нивното кратко време заедно.
Твитот на Алисон доаѓа откако Лизо и нејзината продукциска куќа се тужени од три поранешни танчерки, Аријана Дејвис, Кристал Вилијамс и Ноел Родригез, со обвинување за сексуално вознемирување и непријателска работна средина.
„Во 2019 година патував со Лизо за да бидам режисер на нејзиниот документарец. Заминав по 2 недели. Бев третирана со такво непочитување од неа“, напиша Алисон.
„Бев сведок колку е арогантна, егоцентрична и нељубезна“, рече таа.
Алисон додала дека се чувствувала „повредена“ од Лизо, но не прецизирала што се случило меѓу неа и ѕвездата.
Дел од тужбата на поранешните танчарки го опишува патувањето во квартот на црвените светла во Амстердам, во февруари 2023 година, во кое изведувачите наводно биле под притисок да излезат навечер поради страв да не ја загубат работата.
Една посета на клубот наречен Бананабар, наводно, резултирала со тоа што Лизо ги охрабрувала да ги допираат голите изведувачи.
„Тужителите беа згрозени од тоа колку малку почит Лизо покажа за телесната автономија на нејзините вработени и оние околу неа, особено во присуство на многу луѓе што ги вработуваше“, се наведува во тужбата.
Американската пејачка, добитничка на Греми, е позната по нејзиното застапување за позитивност кон своето тело и инклузивност во нејзината музика и нејзиното реално шоу Watch Out For The Big Grrrls.