Армани ја врати ружата во центарот на високата мода во Париз
Париз– Има многу модни дизајнери за респект – ама еден е Армани. Неколку дена пред да наполни 89 години, легендарниот дизајнер ја претстави новата haute couture колекција во Париз во која доминираше ружата.

Ружи, ружи извезени во раскошни тоалети, рози на блејзери, печатени ружи, ружи на наметки, ружи брошеви, копчиња, чокери… Некои не беа ни црвени, туку обоени во злато, црни, мултиколорни, сребрени, црни… И тука некаде се најде и Армани смокингот со симболични ружи копчиња, што ќе одговара и на предимензионираните јакни.
Гости во првиот ред беа американската актерка Сиднеј Свини, американскиот актер Ноа Сентинео и британската актерка Ема Томпсон.
Фото: Вог











