Аргентина: Уапсен чилеански полковник од времето на Пиноче


 

Во Буенос Аирес уапсен е чилеански полковник, обвинет за крчење на човековите рава во време на власта на чилеанскиот диктатор, генералот Аугусто Пиноче.

Полковникот Валтер Клуг Ривера, обвинет е за исчезнување и ликвидација на 23 работници во 1973 година, откако Пиноче изврши државен удар и го симна од власт тогашниот претседател Салвадор Аљенде, пренесе Ројтерс.

Повеќе од 3.000 луѓе исчезнаа или беа убиени во текот на насилствата за време на диктатурата на Аугусто Пиноче, од 1973 до 1990 година.

Војската и тајните служби мачеа и протераа илјадници дисиденти и левичари, покажа истрагата.