Апелација одлучува дали Спиро Ристовски ќе излезе од притвор
Апелацискиот суд деновиве треба да донесе одлука дали ќе ја прифати жалбата, односно дали поранешниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, ќе излезе од притвор и ќе се брани од слобода како осомничен дека го организирал упадот во Собрание.
На јавна седница во Апелацискиот суд, Ристовски побара да му биде укинат притворот или да му биде заменет со куќен притвор. Тој ги уверуваше судиите нема да бега бидејќи е семеен човек и дека нема да влијае врз сведоци бидејќи истрагата веќе е завршена.
Неговите адвокати потенцираа дека дел од другите осомничени или се бранат од слобода или се во куќен притвор мислејќи на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски кој е на слобода и на поранешниот министер Миле Јанакиески кој е во куќен притвор.
На седницата немаше претставник од Вишото јавно обвинителство, но беше прочитано нивното барање да се одбие жалбата на Ристовски.
Ристовски е осомничен за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок, односно дека е дел од организацијата на крвавиот четврток. Истрагата за организацијата е привршува и до крајот на мај се очекува обвинение. На чело на листата осомничени за организацијата е поранешниот премиер Никола Груевски.