Антикорупциска ќе достави иницијатива за кривично гонење на Мерко
-Градоначалникот на општина Струга спротивно на законот на два пати ја назначил за в.д. директорка наставничката по англиски јазик, иако таа не ги исполнувала условите за тоа. Дополнително тој не го задолжил училишниот одбор да донесе одлука за објавување на јавен повик за избор на директор на училиштето. Пријавената в.д. директорка предавала предмети за кои не била стручна и за кои е потребно високо образование. Имала четири години и осум месеци работно искуство, што не е доволно за да биде назначена за директор. Дополнително во тоа време таа немала уверение за положен испит за директор, а училишниот одбор не донел одлука за распишување на јавен повик. Сето тоа го направила со фалсификувани службени исправи. Во исто време директорката сама на себе со анекс договор си го зголемила фондот на часови што е спротивно на законот. Во тоа и помагале поранешни директори. Со тоа тие ја злоупотребиле службената положба и фалсификувале слижбени исправи, рече членот на ДКСК, Шемси Салаи.