„Анонимните“ му објавија војна на Маск заради биткоинот: „Ние сме легија. Очекувајте нè“


Група, која тврди дека е дел од движењето „Anonymous“, повика на војна со Елон Маск, обвинувајќи го основачот на Тесла за манипулирање со цените на криптовалутите, меѓу другите наводни гревови.
„Можеби мислите дека сте најпаметната личност во собата, но сега наидовте на еднакви на себе“, порача групата во видео порака објавена во саботата на проверениот канал на Anonymous на Јутјуб со околу 145.000 претплатници, како и на нивниот Твитер профил со повеќе од 5,8 милиони следбеници.

„Ние сме анонимни. Ние сме легија. Очекувајте нè”, порачаа тие.

Маск, кој е основач и на SpaceX и е третата најбогата личност во светот со богатство проценето на 151 милијарда долари, очигледно го привлече бесот на групата со неодамнешните твитови што предизвикаа пад на цените на биткоинот.

 

„Милиони мали инвеститори навистина сметаа на добивките од своите крипто-валути за да ги подобрат своите животи. Тоа е нешто што никогаш нема да го сфатите затоа што сте родени во украдено богатство на јужноафрикански смарагден рудник и немате поим каква е борбата на повеќето работни луѓе во светот “, порача „Анонимeн“.

Признавајќи дека инвеститорите во биткоин знаат дека треба да очекуваат нестабилност на пазарот, „Анонимус“ рекоа дека Маск покажал „очигледно занемарување“ на луѓето кои работат.

„Додека на вредните луѓе им се уништуваат соништата заради вашито јавно вознемирување, вие и натаму ги исмевате со меме од една од вашите вили од милион долари“, се вели во пораката.

Групата, исто така, го обвини Маск за експлоатација на детски труд во странски рудници за литиум и оштетување на животната средина.

„Уживавте во една од најповолните репутации во класата милијардери затоа што ја искористивте желбата на многумина од нас да живеат во свет со електрични автомобили и истражување на вселената. Но, во последно време, се разоткрива вашиот внимателно изработен имиџ во јавноста и луѓето почнуваат да гледаат на вас ништо освен нарцисоиден богаташ кој очајно бара внимание“, велат од групата.

Маск не одговори директно на заканата, но околу 20 минути откако групата го објави видеото, тој се префрли на Твитер. „Не убивајте го она што го мразите, зачувајте го она што го сакате“, порача тој, оставајќи малку на толкувањето.

 

Брзо по објавувањето, пораката имаше над 740.000 прегледи на YouTube. Многу набљудувачи сугерираат дека групата може да му нанесе значителна штета на милијардерот.

„Бидејќи Anonymous објави видео со кое го разоткрива Елон Маск, може ли да предложам убаво скривалиште?“, праша корисник на Твитер познат како Роуан Мун. „Слушам дека Марс е добра опција. Можеби би можеле да го земете Трамп“.

Сепак, се водеше и дебата за тоа дали групата е вистинита и ако е така, кој дел од движењето без водачи стои зад заканувачкото видео, бидејќи е децентрализирано.