Англија повторно бележи зголемување на нови случаи на Ковид-19
Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Англија значително се зголеми, а според последните неделни податоци, тој повторно надмина 500.000, по падот што беше забележан во претходните три недели.
Британскиот Завод за национална статистика (ОНС) проценува дека 567.300 лица биле заразени со коронавирусот во Англија во неделата до 12 декември, седум дена по завршувањето на мерките за карантин. Една недела претходно, тој број беше 481.500.
Заводот наведува дека најголемо зголемување на бројот на нови случаи е забележано во Лондон.