Анџелина Џоли со колумна во „Тајм“: Сочувствувам со сите деца и тинејџери од Авганистан

Холивудската актерка Анџелина Џоли со остри критики за тековното повлекување на САД од Авганистан во својата колумна објавена во американскиот магазин „Time“.
Ѕвездата и активист во својата колумна пишува дека се чини дека американската армија ќе „пресече и ќе избега“ среде немирите во оваа блискоисточна земја, додека Талибанците повторно ја преземаат контролата.
Актерката вели дека е загрижена дека сегашниот хаос може да го „сруши“ секој општествен напредок што е постигнат за жените и младите девојки во Авганистан.

„Какви и да се вашите ставови во врска со војната во Авганистан, најверојатно се согласуваме за една работа: не требаше да заврши вака“, вели Џоли.
Анџелина тоа го нарече „предавство и неспособност во целост да се разбере“ дека САД се откажа од обидот да го одржува мировниот договор меѓу Талибанците и авганистанската влада.
Дополнителниот хаос меѓу владите допринесе и заминувањето на претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, кој избега во азил во Обединетите Арапски Емирати. Амбасадорот на земјата во Таџикистан го обвини Гани дека украл 169 милиони долари додека ја напуштал земјата, иако Гани инсистирал дека „отишол само со елек и малку облека“ во видеото што го снимил откако се дознало каде се наоѓа.

Џоли раскажа дека се сретнала со повредени војници и жени во воздухопловната база Рамштајн во Германија и посочи колку се горди што се дел од помошта на авганистанскиот народ во стекнувањето на основните права и слободи.
Актерката напиша дека сочувствува со сите деца и тинејџери од Авганистан кои сега живеат во страв за својата иднина. Дека новинарите и активистите се „кријат“ во Авганистан и дека „ги избришале профилите на социјалните мрежи и ги запалиле своите документи во обид да се заштитат себеси и своите семејства“.

„По целото крвопролевање, напор, жртва и време, се чини дека на Америка ѝ недостасува волја да ја испланира оваа транзиција на успешен начин. Никогаш нема да биде лесно или совршено, но можеше да биде подобро, попристојно и побезбедно“, пишува Џоли.
Анџелина вели дека е тешко да се поверува дека САД го напушти Авганистан по цели две децении.
„Како Американка, се срамам од начинот на кој заминавме“
Таа предупреди за начините на кои Талибанците би можеле да ги казнат жените, вклучително и да им забранат на девојчиња да одат на училиште, да ги ограничат жените да бидат постојано дома и да го практикуваат бруталното телесно казнување, вклучително и нападите во јавност, за која било жена за која се смета дека ја „преминала“ границата.

Ѕвездата напиша и дека смета дека ќе има „нова бегалска криза“, додавајќи дека сегашната стратегија за повлекувањето на Американците и Авганистанците од земјата не е доволна.
„Ова е само почеток на она што мора да го направиме ако сите години на напор и жртви во Авганистан се потрошат залудно“, пишува Џоли