Амир Кан и Киран Рао: Се разведува најмоќната филмска двојка во Индија


Индија – Индиската суперaѕвезда Амир Кан и неговата сопруга, режисерот и продуцент Киран Рао, изјавија дека се разведуваат по 15 години брак.
Двојката планира да го воспитува нивниот син Азад заедно, како и да продолжи да соработува на филмови, нивната ко-сопственост на непрофитната фондација Паани и други проекти, се вели во заедничкото соопштение.
„Ние започнавме со планирана разделба пред извесно време и сега се чувствуваме подготвени да се разведеме, да живееме одделно, а сепак да ги споделуваме нашите животи како што тоа го прави поширокото семејство“, се вели во соопштението.
„Сега би сакале да започнеме ново поглавје во нашите животи – не повеќе како маж и жена, туку како родители и семејство едни за други.
Педесет и шестгодишниот Кан, кој има две деца од претходниот брак, е меѓу актерите со најголема заработка во Боливуд. Надвор од Индија, тој исто така ужива голем респект и во Кина, вториот по големина светски филмски пазар.
Рао е филмски продуцент и режисер.
Двојката се запозна на снимањето на филмот „Лагаан“ номиниран за Оскар во 2001 година и се венчаше во 2005 година. Во 2016 година, тие ја основаа фондацијата „Паани“, непрофитна борба против сушата во западната држава Махараштра.
(Ројтерс)