Американците сметаат дека владата е корумпирана и неефикасна, но дека Маск не е вистинската личност да ја реформира
Американците веруваат дека федералната влада е корумпирана, неефикасна и бирократска, но уште помалку се сигурни дека Илон Маск е вистинската личност да ја поправи целата ситуација.
Само околу три од 10 возрасни Американци силно или донекаде го одобруваат формирањето на советодавно тело за ефективноста на владата на Маск, покажува анкетата на Асошиетед прес-НОРК.
Околу четворица од 10 испитаници не го одобруваат формирањето на советодавното тело, додека останатите испитаници биле неутрални или не се изјасниле, пренесуваат американските медиуми.
Целта на ова ново советодавно тело, Оддел за владина ефикасност, (DOGE), е да го открие лажното и расипничко трошења во федералната бирократија, а неговите водачи наведоа голем број можни начини за намалување на трошоците, вклучително и намалување на голем број агенции.
Но, иако повеќето се согласуваат дека федералната влада се соочува со големи проблеми, многу Американци имаат негативен став за Маск и се двоумат за тоа дали американскиот претседател Доналд Трамп да се потпира на милијардерот за совет за владината политика.
Како што плановите добиваат се поконкретна форма така најновата анкета покажува дека Американците се амбивалентни за некои од промените што Трамп и неговиот тим ги навестуваа во последниве месеци, вклучително и намалување на многу федерални работни места и преселување на федералните агенции од Вашингтон.