Американците организираат парада на хетеросексуалци, Бред Пит – маскота


Американците наскоро ќе ја добијат својата прва хетеросексуална парада откако група активисти од Бостон успешно се избори за одржување на овој настан.

Иако наидоа на неколку препреки, организаторот на парадата Марк Сахади јанави на Фејсбук дека по поднесувањето жалба поради дискриминација, градот Бостон сфатил дека ќе изгуби и дал дозвола за одржување на парадата.

„Ќе имаме затворена улица само за нас. Ова е наша шанса да имаме патриотска парада во Бостон додека славиме парада на хетеросексуалците“, напиша Сахади на фејсбук.

Парадата на хетеросексуалци во Бостон планирана е за 31 август оваа година. Со овој настан, организаторите порачуваат дека ќе ја славата хетеросексуалноста, односно љубовта кон спротивниот пол.

организаторите на Straight Pride Parade дизајнираа дури и свое знаме и го означија Бред Пи за маскота.

Еден од главните говорници на парадата ќе биде многу познат ге конзерватицец.

Како што расте акронимот LGBT, па му се додадени и буквите “I” и “Q” за интерсексуални и квир лица, организаторите набостонската парада сакаат да се додаде и буквата “S” за straight, односно хетеросексуални лица.

„Сакаме толеранција за сите, не замо за LGBTIQ популацијата“, рече еден од организаторите Џон Иго.

Во Бостон секоја година се организира парада на гордоста на која се слават различностите и прифаќањето на LGBTIQ заедницата, а сега ќе се слави и хетеросексуалната заедница.