Амбер Херд стана мајка: Ми се исполни најголемата желба

САД– Актерката Амбер Херд на својот инстаграм-профил ја сподели среќната вест дека станала мајка.
„Таа е остатокот од мојот живот“, напиша 35-годишната актерка во својата објава.
Извори блиски до актерката за „Page Six“ откриле дека нејзиното бебе е родено од сурогат мајка откако актерката дознала дека не може да роди.
„Отсекогаш сакаше да стане мајка и сега ѝ се исполни најголемата желба. Таа е многу благодарна на прекрасната жена која ѝ помогна да ја донесе на свет Онаг“, открива изворот.
Веста доаѓа по измачувачкиот, бурен период и развод со Џони Деп, со кого со години беа на суд откако таа го обвини за злоставување. Амбер и Џони беа во брак од 2015 до 2017 година.