Амбасадата на САД апелира да се почитуваат визите, во спротовно ќе има депортација


Американската Амбасада во Скопје апелира носителите на визи да ги следат американските закони и правила.

– Скринингот на визите за САД не престанува по издавањето на визата. Ние постојано ги проверуваме носителите на виза за да утврдиме дали ги следат сите американски закони и правила и ако не ги следат ќе им ги укинеме визите и ќе ги депортираме, стои во Фејсбук објавата на Амбасадата.

Амбасадата и минатата недела објави апел до граѓаните кои што поседуваат американска виза, со цел нејзино правилно користење. Оттаму наведоа дека ако се престојува подолго отколку што е пропишано на самата виза, лицата може да се соочат со трајна забрана за патување во САД.