Амазон бил недостапен утрово низ целиот свет
Корисниците ширум светот утрово пријавија проблеми со пристапот до интернет продавниците на платформата Amazon.com, а компанијата објави дека во меѓувреме го решила проблемот.
Според веб-страницата Даун Детектор, онлајн услугите на Амазон биле во прекин речиси два часа, а повеќе од 38.000 корисници објавија дека имаат проблеми со пристапот до онлајн продавниците на Амазон.
Проблемот прво се манифестирал ноќеска во САД, а утрово во голем дел од остатокот на светот.
– Некои корисници имаа привремено проблеми при купувањето. Ние го решивме проблемот и сега се работи нормално, изјави портпарол на Амазон, но одби да ја коментира причината за прекинот.