Алиев го згази знамето на Нагорно Карабах (ВИДЕО)


Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, кој прогласи победа над ерменските сепаратисти , објави видео на кое го гази знамето на Нагорно Карабах. 

 

Ерменија и Азербејџан се борат за Нагорно Карабах уште од советско време. Регионот е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година е контролиран од етничките Ерменци поддржани од владата во Ереван.