Александра Заева на табло: Ќерката на премиерот е матурантка


Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева оваа година е матурантка и на на својот Инстаграм профил, пријателите ги почести со фотографија од нејзиното табло.

Александра е четврта година во средното училиште „Јане Сандански„ во Струмица.

Во јавноста се уште не е познато каде таа ќе го продолжи своето школување дома или во странство.

Александра е постарата ќерка на Зоран и на Зорица Заеви, кои се родители и на синот Душко.

Ќерката на Заев  е активна на социјалните мрежи и таа често знае да објави слики од нејзиното семејство и нејзините патувања со нејзиниот дечко.

Пред неколку месеци таа беше манекенка на ревијата во Струмица за лицата со попреченост.

Премиерот и неговата сопруга на 30 септмеври годинава прославија 23 години брак.

Се познаваат уште од деца, а врската ја започнале во средно училиште.