Албански и романски работници се степале жестоко градејќи стадион во Шпанија
Жестока тепачка меѓу 20 лица, кои биле од албанска и романска националност, предизвикала прекин на работата она новиот стадион во Барселона, јавуваат шпанските медиуми. Во тепачката биле повредени шест лица, но без опасност по животот.
Барселона гради нов стадион и „во тој процес се ангажирани работници од Албанија и Романија, но вчера попладнево околу 15 часот на местото Камп ноу дошло до судир меѓу нив, засега од необјавена причина. НСпоред локалните медиуми, во тепачката биле употребени стапови и ладно оружје, а по настанот сите дваесет инволвирани биле отпуштени, т.е. добиле отказ.
Ова не е прв судир меѓу работниците од „Камп ноу“, бидејќи друг се случи во мај кога инволвираните носеа оружје, при што мораше да интервенира полицијата.
„Тоа беше тепачка меѓу романски и албански работници. Тие беа оператори на фирма подизведувач. Безбедноста на работите и локацијата е во рацете на приватна компанија за обезбедување вработени во градежната компанија“, пишуваат медиумите.
Реновираниот стадион Камп Ноу се очекува да биде отворен во ограничен капацитет во март 2025 година.
Ова не е прва тепачка меѓу работниците на „Камп Ноу“ – уште една се случи во мај кога инволвираните носеа дури и оружје, а полицијата мораше да интервенира.