Албанија: Како короната ја затвори „Куќата од бои“
Единствениот безбеден канал за комуникација беше преку онлајн состаноци кои овозможуваат можност за споделување знаење, информации и споделување на најчистите детски чувства и емоции
Улицата „Исеф Елези“, 1023, во Тирана, Албанија е важно место. Не, не е „Даунинг стрит“ број 10, ниту е „1.600 Авенија“ Вашингтон, Ди-Си. Но, тоа е адресата на капитол Хил на среќата и тагата на целиот свет истовремено. Претставува еден голем балон од проблеми и грижа, загриженост и удобност, неизвесност и надеж, нечовечност и хуманост.
Таму, на таа адреса, старателите на децата, оние столбови на човештвото даваат сè од себе да им помогнат на децата погодени од суровата реалност – на децата жртви или осомничени жртви на криминал, злоупотреба, занемарување, насилство и експлоатација, семејно насилство, трговија со луѓе, деца без родителска грижа, напуштени деца, деца без придружба… Згора на сè, КОВИД-19 се појави од никаде, одеднаш.
„Беше 8 март, кога за последен пат се слушнаа радоста и смеењето на децата во нашиот секојдневен мултифункционален центар. Никој не знаеше дека следното утро, секој ќе се чувствува небезбеден и исплашен за својот живот. Пандемијата дојде во нашиот град и нè затвори сите дома, без да ни овозможи понатаму да обезбедуваме услуги за поддршка на оние на кои им е најпотребна“, вели вработена во „Куќата од бои“.
И покрај сите неизвесности, она што сигурно го знаевме е дека децата ќе пропуштат да доаѓаат во нашиот Дневен центар, кој им нуди поддршка за ран детски развој за да ги подобрат своите вештини и капацитети. Нашиот нов непоканет пријател сега беше „г-дин Карантин“!
Изолацијата на децата и на нивните семејства предизвика тешкотии во секојдневните услови за живот, недостаток на приход и средства за обезбедување храна.
На родителите не им е дозволено да работат со рециклирање материјали собрани од контејнери за отпадоци, а условите на сиромаштијата се полоши секој изминат ден. Почитувајќи ги строгите мерки за безбедност на Владата, децата не можеа да бидат дел од дневните програми за ран детски развој, мајките не можеа да дојдат во Центарот и да ја добијат психосоцијалната поддршка што им беше потребна и за која имаа желба и имаа корист, како единствена можност да го променат својот начин на размислување и самопочитување.
Ардијана, 40-годишна мајка на три деца, вели: „Секојдневно се соочуваме со разни предизвици, особено од економски аспект, каде мора да обезбедиме храна и основни потреби, борејќи се да најдеме работа или што и да е што ќе ни одговара, за да ставиме нешто на нашите трпези.
„Времето е поделено помеѓу преживување и барање нешто што ќе ни даде надеж дека нашите деца ќе јадат и ќе спијат безбедно“, вели Адријана.
Прашањето беше – како да се помогне? Вработените во центрите предложија програма за е-учење на далечина, која може да допре до секое семејство, нудејќи им интерактивна алатка за примена со своите деца: „Пријателски дневник за карантин“. Децата имаат своја индивидуална тетратка каде ги вербализираат мислите, чувствата и емоции со своите начини на цртање, играње или пишување.
Родителите ја прифатија оваа нова идеја со надеж дека ќе ја олесни ситуацијата, без да знаат дека тоа исто така ќе влијае на нивните животи. Тие почнаа да вршат помалку од домашната работа, а секојдневно да поминуваат повеќе време со своите деца!
Единствениот безбеден канал за комуникација беше преку онлајн состаноци кои овозможуваат можност за споделување знаење, информации, овозможуваат континуитет на програмите и споделување на најчистите детски чувства и емоции.
„Никогаш не знаев дека најтешкото време низ кое поминуваме ќе стане благослов, давајќи ни можност да поминеме време со нашите деца. Ги запознав подобро и исто така научив нови работи. Никогаш немав можност да одам на училиште и да се описменам, но пред неколку дена, моето малечко ме научи како да го напишам моето име! Срцето ми беше полно со радост!“ – вели Ардијана.
Наставниците во Центарот се во комуникација со родителите секој ден. Децата го сакаат тоа. Родителите го сакаат тоа. Собирање пред мобилниот телефон и споделување на дневните активности. Тоа е радоста на крајот на денот.
Марта, мајка на две деца, вели: „Јас секогаш сум под стрес кога треба да измислам некоја нова активност со моите деца, но вчера го видов мојот сопруг како игра гласно нова игра со децата, онаа што ни ја покажаа наставниците од Центарот. Веднаш знаев дека она што им го даде беше храна за нивните невини души“.
Новите теми за разговор во „Куќата на бои“ се КОВИД-19, коронавируси, мерки за заштита…
Во Куќата се нудат програми за анимација за деца и родители кои имаа тешкотии во образованието, позитивни методи на родителство, динамични пристапи за учење. За семејствата се обезбедени со психолози, социјални работници и волонтери. Целта е да се понуди благосостојба и здравствена безбедност, скапоцени зборови за тие луѓе.
За време на земјотресот во Албанија и вонредната состојба предизвикана од КОВИД-19, Центарот достигна поддршка за над 2.000 деца и нивните семејства со психосоцијална поддршка, мерки за заштита и директна поддршка во партнерство со Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Општина Тирана и Драч и Министерството за здравство и социјална заштита.
(Серија текстови „Успешни приказни“ подготвена со помош на проектот ЕУ ТАКСО 3. Медиумски спонзор – „Независен“)