Албанец од Македонија ја убил сопругата во Швајцарија


Триесет и седумгодишен Албанец од Македонија ја убил сопругата во Швајцарија. Според тамошните медиуми, станува збор за Илир Б., кој со нож ја заклал својата 34-годишна партнерка. Според блиски на семејството, причината била тоа што сопругата Луиза сакала да се разведе од насилниот брачен другар.

„Тој беше насилен со својата сопруга. Таа му даде неколку шанси, но таа не можеше да издржи повеќе“, изјавил еден сведок.

Во меѓувреме, друг член на семејството изјавил дека парот живееле одделно.

„Таа не му дозволуваше да ги види децата веќе некое време. Неодамна, му дозволи повторно да ги посети, така што тој изнајми соба во близина на нивниот дом“, изјавил роднина.