Актуелната мис на Венецуела загина во сообраќајна несреќа: Двапати била реанимирана


Актуелната мис на Венецуела, Аријана Виера загина во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида.

Оваа 26-годишна убавица требаше да ја претставува својата земја на изборот за Мис Латинска Америка 2023 во Доминиканската Република во октомври, но за жал таа починала, откри нејзината мајка за локалните медиуми.

Мајката изјавила дека нејзината ќерка заспала од замор додека возела и удрила во автомобилот пред неа. Како што вели, брзата помош пристигнала брзо и два пати ја оживеале Аријана, но за жал таа починала на пат кон болница.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ariana Valentina (@arianaviera__)

„Ја оживеаја, а потоа имаше срцев удар. Повторно ја оживеаја, но таа почина кога ја однесоа на трауматологија“, рекла уништената мајка, пренесува The Sun.

Она што најмногу шокираше многумина е нејзиното видео од пред само неколку месеци во кое таа изгледа како да ја предвидува својата смрт.

„Се снимам себеси за иден погреб бидејќи секогаш сум јас на видеата, никој друг не го прави тоа“, напиша таа во описот на чудното видео кое го објави на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ariana Valentina (@arianaviera__)

Локалните медиуми наведуваат и дека таткото на мисицата, која живее во Перу, се обидел да ѝ договори навреме да добие виза за погребот на нејзината ќерка, но документот наводно му бил издаден само еден ден подоцна.