Актерот Џон Гудман ослабнал 100 килограми и е речиси непрепознатлив
Актерот Џон Гудман (70) во поголемиот дел од кариерата се бореше со вишокот килограми, а таа битка сега очигледно и ја доби.
Џон оваа недела присуствуваше на „Monte Carlo TV Festival“ каде ја промовира својата нова серија „The Righteous Gemstones“ и каде со својата појава ги шокира сите присутни.
Фотографиите од видно ослабнатиот, дури и по малку „испиен“ актер брзо го обиколија светот, а тој на нив делува одлично расположено и се чини дека губењето на килограмите му ја вратило енергијата.

Гудман ја започна својата трансформација во 2017 година, кога одлучи да му се посвети на здравиот начин на живот, и се откажа од алкохолот. „Daily Mail“ претходно пишуваше дека тој изгубил повеќе од 90 килограми, а во интервју за „Rolling Stone“ овој месец, актерот открил дека ослабнал околу 100 килограми.

„Претходно само бутав во уста сè што ќе ми дојдеше при рака“, раскажал Џон тогаш за странските медиуми, и се пофалил дека започнал да ги контролира порциите и многу повеќе да пешачи, а дури и вежбал со личен тренер.
Џон во текот на кариерата глумеше во бројни успешни филмски и ТВ остварувања, а негова најзапаметена улога е во серијата „Roseanne“, во која од 1988 до 1997 година го глумеше ликот на Ден Конер и која своевремено ги соборуваше рекордите на гледаност.