Актерката Мила Јовович во фокусот како модна икона. Се враќа во IMG Models


САДМила Јовович (45) се враќа во IMG Models, која ја претставува актерката и модел на глобално ниво во модата, убавината и лајфстајлот.

Јовович, беше долгогодишен модел на „IMG Models,“ сè додека не потпиша со „ The Society Model Management “ – американската подружница на „Елитс Ворлд Груп“ – на почетокот на 2019 година. Сега е повторно во „ IMG Models“ кои првично ја претставуваа Јовович во јануари 1999 година, објави агенцијата.

„Пресреќна сум што се вратив меѓу семејството во „IMG Models, рече Јовович во ексклузивната изјава за WWD. Таа останува модел на Creative Artists Agency управувана од Крис Бренер . „Очекувам да создадам иновативни начини за максимизирање на идентитетот на брендот што ги претставува сите аспекти во мојата кариера, заедно со жената и мајката што станав“.

Јовович е заштитно лице на долгата листа на брендови како Шанел, Прада, Калвин Клајн, Диор, Версаче, Тифани и Ко и Л’Ореал, каде што служеше како амбасадор 17 години. Низ годините, таа се појавуваше во календарот Пирели и ги красеше насловните страници на списанијата ширум светот. Како актерка, по нејзината извонредна улога во „Петтиот елемент“ на Лук Бесон, Јовович глумеше во „Resident Evil“, франшиза вредна милијарди долари. Неодамна, таа ја играше главната женска улога во Пол В.С. Андерсон „Ловец на чудовишта“, кој беше објавен во декември 2020 година.

„Воодушевени сме што ја пречекавме Мила во семејството на IMG “, рече Маја Киеси, постар потпретседател на агенцијата. „Таа е вистинска модна икона чие дело ги инспирира сегашните и идните креатори и ние сме желни да ја поврземе со нови можности од глобално ниво, придонесувајќи за нејзиното следно поглавје во историјата на модата“.