Актерката Диане Кругер се сврши со Норман Ридус

САД- Германската актерка со холивудска кариера Диане Кругер се сврши со актерот Норман Ридус , објави „Пипл“.
Кругер (45) и Ридус (52) се запознале за време на снимањето на филмот Скај во 2015 година. Тие заедно го промовираа филмот на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, пред да излезат во јавност со нивната романса во март 2017 година.
Двојката, во 2018 година ја доби ќерката, која беше прво дете на Кругер и второ на Ридус. (Ѕвездата на „Walking Dead“ е исто така татко на 21-годишниот син, Мингус, од претходната врска со супермоделот и фотографка Хелена Кристенсен.)
Претставниците за двојката немаа коментар кога беа прашани за свршувачката. Двојката отсекогаш ја чувала нивната врска приватна и тоа се проширила и на нивната ќерка, чувајќи ги приватните детали за нејзиното раѓање, вклучувајќи го и нејзиното име и точниот роденден.
Во јули, Ридус сподели редтка фотографија на семејното дружење на двојката со нивната 2-годишна ќерка на својот Инстаграм профил.
Двојката, деновиве го продаде својот дом во Холивуд, налик на замок, на милионерот Џон Страјкер за 9 милиони долари- со четири спални и пет бањи кој го купија во 2020 година.