Ако белото месо не ви е сочно, тоа е зошто ви недостасува една состојка


Белото месо можете да го подготвите на неколку начини, но задолжително додадете сок од лимон, ќе биде посочно.

Белото месо е исклучително вкусно, а е и поевтино, па често се наоѓа на трпезата. Можете да го пржите, да го подготвите на скара, да го сварите… Одлино е и за салати, но она што е важно за белото месо е да знаете како да го подготвите. Кога се подготвува во сос, белото месо е сочно, но важно е и да не се превари. Многу домаќинки се плашат дека ќе биде живо ако не се пече долго, но тоа не е така. Доволни се 3 до 5 минути од двете страни (во зависност од дебелината).

Доколку белото месо не го подготвувате во сос или не го пржите, постои трик кој ќе ви помогне да го направите сочно. Доволно е да додадете неколку капки сок од лимон во тавче, тенџере или тава, а цитрусот ќе помогне да се зачува сочноста и месото нема да биде тврдо.

Сокот од лимон е најдоброто решение доколку готвите бело месо, бидејќи има најмалку интензивен вкус, а со овој додаток ќе биде одлично. Истурете вода во тенџерето и варете го филето околу 25 минути, а 5 минути пред крајот посолете, бибер и сок од лимон.