„Аеродроми на Црна Гора“ ги намалува таксите за да ги задржат нискобуџетните превозници
Црногорското министерство за транспорт соопшти дека постигнало договор со операторот „Аеродроми на Црна Гора“ за намалување на таксите, со цел да се задржат постојните нискобуџетни превозници и да се привлечат нови.
Маја Вукиќевиќ, новоименуваната министерка за транспорт, истакна дека „многу негативно се одразила“ одлуката на претходното раководство на операторот за зголемување на давачките. Како резултат на тоа, Рајанер ќе задржи една линија од Подгорица оваа зима, суспендирајќи ги сите други до следното лето.
„Покрај загубата на некои линии, нашите аеродроми станаа помалку конкурентни во споредба со другите во регионот. За жал, многу луѓе од Црна Гора сега се одлучуваат за летови од соседните аеродроми. По разговори со директорот на ‘Аеродроми на Црна Гора’, Роко Толиќ и претседателката на Управниот одбор Јелена Мараш, постигнат е договор за намалување на таксите. Како резултат на тоа, операторот ќе има нова ценовна политика насочена кон нискобуџетните авиокомпании“.