Адвокат поднесе кривична пријава за случајот со демирхисарската гимназија

Адвокатот Жарко Стеваноски поднел кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал во врска со настаните околу демирхисарската гимназија.
Тој наведува дека шест службени лица – градоначалникот на Демир Хисар Никола Најдовски, директорката на училиштето назначена од него, двајца просветни инспектори и двајца полициски инспектори – организирале незаконски активности за разрешување на директорката Маја Лозановска, со цел да се овозможат партиски вработувања.
„Постои основано сомневање дека во периодот мај – август 2025 година, организирано и секој во свој домен, презеле дејствија за да се реализираат партиски вработувања по распишаниот оглас за 19 технички лица и наставен кадар,“ вели Стеваноски.