Адел со гламурозен изглед на НБА финалето со дечкото Рич Пол

САД– Поп-ѕвездата Адел (33), добитничка на 15 Греми, се појави на редок јавен настап синоќа додека присуствуваше на 5-от натпревар од финалето на НБА во Феникс, д помеѓу Феникс Санс и Милвоки, заедно со дечкото Рич Пол, менаџерот на славниот кошаркар Леброн Џејмс.
За своето големо вечерно излегување, Адел избра лежерно- гламурозен изглед, се одлучи за палто со животински отпечаток, што го спои хеланки, како и сандали со високи потпетици и ги откри совршениот француски маникир и педикир. Покрај тоа, таа ја прилагоди својата облека со низа златен накит, како и црна маска за лице.
Во еден момент од играта дури беше видена како држи портокалова крпа додека ги бодреше „Санс“, иако тимот на крајот загуби од Бакс со 123-119.
Се разбира, Адел не беше единствената славна личност присутна на големиот натпревар. Исто така, меѓу толпата ѕвезди беа и Леброн Џејмс, Лил Вејн како и Ванеса Хаџенс, која ја отпеа Националната химна.
Годинава таа го финализираше разводот од Симон Конецки со кого има син. (Пипл)