Адел ја фати ишијас за време на концертите во Лас Вегас: Морам да се шетам овие денови
САД- На своето новогодишно шоу во Лас Вегас во саботата, Адел ѝ призна на публиката дека боледува од ишијас.
„Морам да шетам овие денови бидејќи имам навистина лош ишијас“, рече таа додека се движеше од едната страна на сцената во Колосеумот во Палатата Цезар, според извештајот на Космополитен ОК.
Ишијасот влијае на нервот што минува низ долниот дел на грбот, колковите и задната страна и надолу по нозете, а Адел имаше проблеми со грботво текот на годините. „Навистина ме болеше грбот, на пример, половина од мојот живот“, рече таа во интервју .„Се разгорува, нормално поради стрес или од неесоодветно држење“.
Нејзините здравствени проблеми не ја спречија поп-ѕвездата да прослави уште еден викенд од шоуто Викенди со Адел, на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од нејзиниот последен концерт во 2022 година и пишувајќи: „Викенд 7 Среќна Нова Година за тебе и твоите“.
Weekend 7
Happy New Year to You and Yours ♥️ pic.twitter.com/uKMto32POV— Adele (@Adele) January 1, 2023