„Волстрит Џурнал“: Џ.Д. Венс испрати писмо до шефот на иранскиот Совет за безбедност, Мохсен Резаи
Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, испрати писмо до шефот на иранскиот Совет за безбедност, Мохсен Резаи, изјавија американски претставници и лица запознаени со ситуацијата.
Официјални лица изјавија за „Волстрит џурнал“ (WSJ) дека Венс го испратил писмото до Резаи во обид да ги оживее мировните преговори меѓу двете земји, кои се во конфликт од крајот на февруари.
Овој потег доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги обнови нападите врз Иран по среднорочните избори во САД на 3 ноември, на кои се избираат сите 435 членови на Претставничкиот дом и околу една третина од сенаторите.