АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше
АД ЕСМ ја известува јавноста дека во рамките на подготовките на електроенергетскиот систем за претстојната зима, утре, стручен тим на Подружница ХЕС Црн Дрим ќе изведе неопходни планирани годишни испитувања на релејната заштита на регулациониот трансформатор (РТР) 110/35 kV, на 35 kV изводи и техничка ревизија на примарната опрема на дел од 110/35 kV разводната постројка во ХЕЦ „Шпилје“.
-Поради планираните инвестициски активности, во периодот од 10.30 до 14.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат потрошувачите од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше. Вообичаено, редовната годишна активност предвидува прекин на електричната енергија за предметните општини во времетраење од осум часа, но со цел да се избегнe подолготраен прекин, зафатот ќе се одвива со оптимизирана динамика и за првпат, ќе се изведе во рок од четири часа со цел да се минимизира периодот предвиден за прекин на напојувањето со електрична енергија – информираат од АД ЕСМ.
Овие неопходни превентивни проверки, велат, се клучни за безбедноста на системот во текот на претстојната зима и се во интерес на потрошувачите во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше.