Се запалил бојлер во барака на „Стив Наумов“, студентите биле евакуирани


Бојлер се запалил синоќа во една од бараките на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, информира студентската платформа „Студентарија“, по дојави од повеќе студенти.

Според информациите што ги сподели платформата, неколку минути по полноќ се активирале противпожарните сензори, по што студентите биле евакуирани од објектот.

Пожарот бил изгаснат благодарение на брзата реакција на еден од студентите. Од платформата информираат дека сите студенти се безбедни.