Швајцарија бара алтернатива за „патриотите“, и доцнат многу испораките


Набавката на американските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Швајцарија се соочува со големи доцнења, поради што земјата треба што поскоро да обезбеди алтернативно решение, изјави денеска директорот на швајцарската Агенција за набавка на вооружување „Армасвис“, Урс Лоер.

„Швајцарија, која традиционално се придржува до политиката на неутралност, мора посериозно да пристапи кон зајакнувањето на своите одбранбени капацитети, а во моментов е маргинализирана во меѓународните разговори“, изјави Лоер во интервју за весникот „Ноје цирхер цајтунг“.

Берн претходно соопшти дека ја разгледува можноста за откажување на набавката на системите „Патриот“, што ги произведуваат американските компании „Рејтеон“ и „Локид Мартин“.

Лоер наведе дека испораката на системите сега е значително одложена, додавајќи дека Вашингтон ѝ дава предност на Германија при испораката на единиците „Патриот“ што првично биле наменети за Швајцарија.

Сепак, Берн ќе добие назад дел од однапред уплатените средства, рече тој.