Најмалку 46 мртви откако два брзи воза се судрија во Шпанија


Два брзи воза се судрија денеска во Шпанија, при што загинаа најмалку 46 луѓе, пишува Си-ен-ен.

Сообраќајот на линијата што го поврзува Мадрид со регионот Андалузија беше прекинат, а информацијата ја потврди и железничкиот оператор Адиф.

„Сообраќајот на линијата за брзи возови Мадрид-Андалузија е прекинат откако еден воз се судри со друг“, објавија шпанските железници на X.

Шпанскиот весник Ел Паис објавува дека сведоците зборуваат за бројни повредени и дека екипите за итни случаи се на терен.

Истиот весник наведува дека два вагона излетале од шините и слетале по насипот. Според Ел Паис, несреќата се случила кратко по 9 часот по локално време.

Судирот се случил на делот помеѓу Лос Јебенес и Урда во покраината Толедо.