Потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, во посета на Собранието
Потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, денеска ќе престојува во посета на македонското Собрание.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Холовња ќе оствари средба со потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, по што двајцата ќе дадат изјави за медиумите.
Потпретседателот на полскиот Сејм, заедно со полската делегација, исто така ќе оствари и средба со пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска.