Во Брвеница ќе има и втор круг
По изброените гласови од повеќе половина од избирачките места (15 од 24) сосема е извесно дека во општината Брвеница ќе има и втор круг за две недели.
Според сегашниот резултати објавени од ДИК во водство е кандидатот на коалицијата околу ДУИ, Аркин Јахиј, со 35,1 отсто од гласовите; на второ место е Стојанчо Радичевски од ВМРО ДПМНЕ со 30,7 проценти, на трето кандидатот на Влен, Јакуп Хусеини, со 23,3 отсто од гласовите, додека на четврто место е кандидатот на коалицијата на СДСМ, со 7,7 проценти. Останатите двајца кандидати, независните Душан Богдановски и Арифе Идризи, освоија занемарлив број на гласови.