За камати владата плаќа 360 милиони евра, а за социјална помош 240, велат од СДСМ
Работниците едвај врзуваат крај со крај, народот е осиромашен, земјоделците ги продаваат нивите за да преживеат, државниот буџет се крпи со скапи задолжувања. Ова е реалноста во Македонија денес, рече Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на прес—конференција.
„Буџетскиот дефицит се очекува да надмине 900 милиони евра, а за пензиите недостигаат околу една милијарда евра.
За само две години Мицксоки создаде околу 4 милијарди евра нов долг со скапи кредити, кој заедно со обврските кон јавните претпријатија, надминува 63 проценти од БДП.
Само каматите што државата ги плаќа годишно се околу 350 милиони евра за оваа 2026 година! Речиси 2 отсто од БДП одат на камати.
Државата за камати издвојува околу 120 милиони евра повеќе отколку за социјална помош. Каматите се речиси 40 проценти од средствата што се издвојуваат за здравствена заштита, како и од средствата за плати и надоместоци во буџетот.
На Мицкоски треба да му е јасно, дека ќе дојде крајот на неговиот арамилук. Ќе одговара за секој потрошен денар за криминални тендери. Затоа што државата не е неговоа сопственост“, рече Младеновска.