Излезноста во Брвеница се зголемува, до 13 часот 20,5 отсто
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 13 часот утринава изнесува 20,5 отсто, односно 3.331 избирачи, информира Државната изборна комисија. Споредено со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 1,48 проценти.
Во однос на заштитата на личното избирачко право, од Државната изборна комисија информираат дека до 13 часот се пристигнати шест приговори, од кои три се усвоени, додека три приговори се одбиени како неосновани.