Прогласени најдобрите наставници во Аеродром
Најдобрите наставници од осумте основни училишта во Општина Аеродром денеска добија признанија и парични награди во висина од 10 илјади денари.
Признанијата и наградите им ги врачи градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески по повод Светскиот ден на наставникот – 5 Октомври. Тој им се заблагодари за нивната посветеност и за љубовта со која ја работат една од најблагородните професии и им посака уште многу поголеми успеси и достигнувања во нивната кариера.
Добитници на признанијата и наградите се Марјан Куцулоски од ООУ „Лазо Ангеловски“, Сања Димитриева од ООУ „Александар Македонски“, Звонко Лукрис од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Љупка Павловска од ООУ „Димитар Македонски“, Магдалена Илиоска-Трајковска од ООУ „Гоце Делчев“, Соња Вељановска од ООУ „Блаже Конески“, Маја Божиновска од ООУ „Љубен Лапе“ и Зорица Вучиниќ од ООУ „Браќа Миладиновци“.
Општина Аеродром им честита на наградените наставници кои заедно со своите колеги секојдневно работат со децата од нашите училишта и вложуваат огромен труд за нивно образование и воспитување, што резултира со успешни генерации кои се нашата иднина.
Посебна благодарност и честитки упатуваме и до директорите на основните училишта за нивната посветеност, поддршка и придонес во создавањето подобри услови за работа и развој на наставниот кадар и учениците.